EPSON

Деинсталирање на софтверот за печатачот

Деинсталирање двигател на печатач

Можеби ќе треба да го деинсталирате двигателот за печатачот доколку:
Го надградувате оперативниот систем на компјутерот.
Го ажурирате двигателот на печатачот со понова верзија, освен кога го ажурирате преку функцијата за ажурирање на двигателот; оваа функција автоматски ја деинсталира постарата верзија.
Имате проблеми со двигателот на печатачот.
Доколку го надградувате вашиот оперативен систем или ја надградувате верзијата на двигателот на печатачот, не заборавајте да го деинсталирате тековниот двигател на печатачот пред да го надградите или инсталирате новиот двигател. Во спротивно, ажурирањето на двигателот нема да биде успешно.

За Windows Vista

Забелешка:
За деинсталирање програми во Windows Vista, ви треба досие на администратор и лозинка, доколку се најавувате како стандарден корисник.
Исклучете го печатачот и извадете го кабелот за меѓуврска.
Кликнете на копчето за вклучување и изберете Control Panel (Контролна табла).
Кликнете Uninstall a program (Деинсталирај програма) од категоријата Programs (Програми), а потоа изберете го печатачот од списокот.
Кликнете Uninstall (Деинсталирај), потоа кликнете на Continue (Продолжи) во прозорецот User Account Control (Контрола на сметка на корисникот).
Изберете ја иконата за вашиот печатач и кликнете OK.
Кликнете OK за да го деинсталирате двигателот на печатачот.

За Windows XP и 2000

Забелешка:
За деинсталирање програми во Windows XP, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор).
За деинсталирање програми во Windows 2000, мора да се најавите како корисник со административни привилегии (како член на група администратори).
Исклучете го печатачот и извлечете го кабелот за меѓуврска.
Windows XP:
Кликнете Start (Старт), потоа изберете Control Panel (Контролна табла).
Windows 2000:
Кликнете Start (Старт), посочете Settings (Поставки) и потоа кликнете Control Panel (Контролна табла).
Кликнете двапати на иконата Add or Remove Programs (Додади или отстрани програми) и изберете го печатачот од списокот.
Кликнете Remove (Отстрани).
Изберете ја иконата за вашиот печатач и кликнете OK.
Кликнете OK за да го деинсталирате двигателот на печатачот.

За Mac OS X

Забелешка:
За деинсталирање програми, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор). Не можете да деинсталирате програми доколку се поврзете како корисник со ограничено досие.
Затворете ги сите апликации што работат.
Ставете го ЦД-то со софтвер за печатач на Epson во Macintosh.
Кликнете двапати на иконата Install Navi во папката Epson.
Кликнете Software List и потоа кликнете двапати Printer Driver.
Прочитајте ги и прифатете ги условите за согласување со лиценцата за софтверот.
Изберете Uninstall од менито во горниот лев агол и кликнете Uninstall.
Следете ги упатствата на екранот да го деинсталирате двигателот на печатачот.
Забелешка за Mac OS X 10.3 или 10.4:
Доколку името на вашиот печатач остане во Print Center (Центар за печатење) или Printer Setup Utility (Алатка за поставки за печатач), изберете го името од Printer List (Список на печатачи) и кликнете Delete (Бриши).

Деинсталирање на Упатството за корисникот

За Windows Vista

Забелешка:
За деинсталирање програми во Windows Vista, ви треба досие на администратор и лозинка, доколку се најавувате како стандарден корисник.
Исклучете го печатачот и извлечете го кабелот за меѓуврска.
Кликнете на копчето за вклучување и изберете Control Panel (Контролна табла).
Во категоријата Programs (Програми), кликнете на Uninstall a program (Деинсталирај програма).
Изберете го Прирачникот за овој печатач од списокот.
Кликнете Uninstall (Деинсталирај), потоа кликнете на Continue (Продолжи) во прозорецот User Account Control (Контрола на сметка на корисникот).
Кликнете OK.

За Windows XP и 2000

Забелешка:
За деинсталирање програми во Windows XP, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор).
За деинсталирање програми во Windows 2000, мора да се најавите како корисник со административни привилегии (како член на група администратори).
Исклучете го печатачот и извлечете го кабелот за меѓуврска.
Windows XP:
Кликнете Start (Старт), потоа изберете Control Panel (Контролна табла).
Windows 2000:
Кликнете Start (Старт), посочете Settings (Поставки) и потоа кликнете Control Panel (Контролна табла).
Кликнете двапати на иконата Add or Remove Programs (Додади или отстрани програми).
Изберете го Прирачникот за овој печатач од списокот.
Кликнете Remove (Отстрани).
Кликнете OK.

За Mac OS X

Забелешка:
За деинсталирање програми, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор). Не може да деинсталирате програми доколку се најавите како корисник со ограничено досие.
Затворете ги сите апликации што работат.
Ставете го ЦД-то со софтвер за печатач на Epson во Macintosh.
Кликнете двапати на иконата Install Navi во папката Epson.
Кликнете Software List и потоа кликнете двапати Упатство за корисникот.
Кликнете Uninstall.
Следете ги упатствата на екранот да го деинсталирате Упатството за корисникот.

Деинсталирање на други апликации на Epson

Можете да деинсталирате апликации што не ви требаат. Следете ги чекорите дадени подолу.

За Windows Vista

Забелешка:
За деинсталирање програми во Windows Vista, ви треба досие на администратор и лозинка, доколку се најавувате како стандарден корисник.
Кликнете на копчето за вклучување и изберете Control Panel (Контролна табла).
Од категоријата Programs (Програми), кликнете на Uninstall a program (Деинсталирај програма).
Изберете го софтверот што сакате да го деинсталирате од списокот со програми.
Кликнете Uninstall (Деинсталирај), потоа кликнете на Continue (Продолжи) во прозорецот за контрола на корисничките досиеја.
Кога ќе се појави пораката за потврда, кликнете Yes (Да).
Следете ги упатствата на екранот.

За Windows XP и 2000

Забелешка:
За деинсталирање апликации во Windows XP, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор). Не можете да деинсталирате апликации доколку се најавите како корисник со ограничено досие.
За деинсталирање апликации во Windows 2000, мора да се најавите како корисник со административни привилегии (како член на група администратори).
Windows XP:
Кликнете Start (Старт), потоа изберете Control Panel (Контролна табла).
Windows 2000:
Кликнете Start (Старт), посочете Settings (Поставки) и потоа кликнете Control Panel (Контролна табла).
Кликнете двапати на иконата Add or Remove Programs (Додади или отстрани програми).
Изберете го софтверот што сакате да го деинсталирате од списокот со програми.
Кликнете Remove (Отстрани).
Кога ќе се појави пораката за потврда, кликнете Yes (Да).
Следете ги упатствата на екранот.

За Mac OS X

Забелешка:
За деинсталирање апликации, мора да се најавите со досие на Computer Administrator (Компјутер администратор). Не можете да деинсталирате апликации доколку се најавите како корисник со ограничено досие.
Во зависност од апликацијата, програмата за инсталирање може да биде одделена од програмата за деинсталирање.
Затворете ги сите апликации што работат.
Ставете го ЦД-то со софтвер за печатач на Epson во Macintosh.
Кликнете двапати на иконата Install Navi во папката Epson.
Кликнете Software List и потоа кликнете двапати на апликацијата што сакате да ја деинсталирате.
Прочитајте ги и прифатете ги условите за согласување со лиценцата за софтверот.
Изберете Uninstall од менито во горниот лев агол и кликнете Uninstall.
Следете ги упатствата на екранот за да ја деинсталирате апликацијата.
Забелешка:
Доколку не може да изберете Uninstall во чекор 6, кликнете двапати на папката Applications (Апликацијата) во хард-дискот на Mac OS X, изберете ја апликацијата што сакате да ја деинсталирате и одвлечете ја во иконата Trash (Корпа за отпад).