EPSON

Печатење фотографии

Подготовка за печатење датотека

При печатење на фотографија без граници, дел од сликата е исечен, бидејќи со оваа опција сликата малку се зголемува надвор од големината на хартијата.
Треба датотеката со слики да ја прилагодите на големината на хартијата. Доколку вашата апликација има поставки за маргини, пред печатење проверете тие да бидат ставени на нула.

Хартија соодветна на печатење без граници

Доколку сакате да печатите слики без граници, повикајте се на табелата дадена подолу, бидејќи печатењето без граници не е достапно за сите типови хартија.
Epson Photo Paper (Фотографска хартија)
A4, 10 × 15 см, 13 × 18 см
Epson Glossy Photo Paper (Сјајна фотографска хартија)
A4, 10 × 15 см, 13 × 18 см
Epson Ultra Glossy Photo Paper (Ултрасјајна фотографска хартија)
A4, 10 × 15 см, 13 × 18 см
Epson Matte Paper - Heavyweight (Матна хартија - тешка)
A4
Epson Premium Glossy Photo Paper (Првокласна сјајна фотографска хартија)
A4, 10 × 15 см (4 × 6 инчи.), 13 × 18 см (5 × 7 инчи.), 16:9 широка страна (102 × 181 мм)
Epson Premium Semigloss Photo Paper (Првокласна полусјајна фотографска хартија)
A4, 10 × 15 см
Белешка:
Печатењето без граница трае подолго од обичното печатење.
Квалитетот на печатење може да се намали во горниот и долниот дел од отпечатениот примерок, или делот може да се размачка при печатење на хартија што не е наведена подолу. Пред печатење на обемна работа, за да го проверите квалитетот, испечатете еден лист.

Ставање хартија

За детали во врска полнење хартија, повикајте се на делот подолу.
При употреба на специјална хартија за Epson, повикајте се на делот подолу.

Печатење од EPSON Easy Photo Print

Користењето на EPSON Easy Photo Print кој е вклучен на ЦД-то, е најлесен и најбрз начин за создавање различни фотографии како што се фотографии без граници или фоторграфии со граници или рамки. EPSON Easy Photo Print исто така ви помага да ги подобрите вашите фотографии.

Вклучување на EPSON Easy Photo Print

Видете го следниот дел за детали за вклучување на EPSON Easy Photo Print.

Печатење од други апликации

Поставки за печатач за Windows

Следете ги овие чекори за прилагодување на поставките за печатачот.
Пристапете до поставките за печатачот.
Кликнете го табулаторот Main и потоа изберете една од следните поставки за Quality Option:
Photo за добар квалитет и брзина
Best Photo за најдобар квалитет на печатење
Изберете соодветена поставка од Type.
Изберете Borderless (Без граници) доколку сакате да печатите фотографии без граници.
Доколку сакате да контролирате за колку сликата да се протега надвор од рабовите на хартијата, кликнете на табулаторот Page Layout (Изглед на страницата), одберете Auto Expand (Автоматско раширување) како Enlargement Method (Метод за зголемување), а потоа прилагодете го лизгачот за Expansion (Раширување).
Изберете соодветена поставка од Size.
Изберете Portrait (Висина) или Landscape (Ширина) за менување на ориентацијата на вашиот отпечатен примерок.
Кликнете OK да го затворите прозорецот за поставки за печатачот.
По завршување на чекорите дадени погоре, отпечатете еден тест примерок и проверете ги резултатите пред да отпечатите цела работа.

Поставки за печатачот за Mac OS X 10.5:

Следете ги овие чекори за прилагодување на поставките за печатачот.
Пристапете до дијалог-прозорецот Print.
Кликнете на копчето  за да го проширите дијалог-прозорецот.
Изберете го печатачот што го користите како поставка од Printer, а потоа направете ги соодветните поставки.
Белешка:
Во зависност од вашата апликација, можеби нема да можете да изберете некои од деловите дадени во овој дијалог-прозорец. Доколку е така, кликнете Page Setup (Поставување на страницата) од менито File на вашата апликација и потоа направете соодветни поставки.
Изберете XXX (Sheet Feeder - Borderless) (Механизам за дотур на хартија - Без граници) како Paper Size (Големина на хартијата) доколку сакате да печатите фотографии без граници.
Изберете Print Settings од скокачкото-мени.
Направете ги поставките што сакате да ги користите за печатење. Видете онлајн помош за детали во врска Print Settings.
По завршување на чекорите дадени погоре, отпечатете еден тест примерок и проверете ги резултатите пред да отпечатите цела работа.
Белешка:
Можете да контролирате за колку сликата да се протега надвор од ивиците на хартијата, за време печатење без граници. За поединости, видете онлајн помош.

Поставки за печатач за Mac OS X 10.3 или 10.4:

Следете ги овие чекори за прилагодување на поставките за печатачот.
Пристапете до дијалог-прозорецот Page Setup (Поставување на страницата).
Изберете го печатачот што го користите како поставка Format for.
Изберете соодветена поставка од Paper Size.
Белешка:
Изберете XXX (Sheet Feeder - Borderless) (Механизам за дотур на хартија - Без граници) доколку сакате да печатите фотографии без граници.
Изберете соодветена поставка од Orientation.
Кликнете OK да го затворите дијалог-прозорецот Page Setup (Поставување на страницата).
Пристапете до дијалог-прозорецот Print.
Печатачот што го користите, изберете го како поставка Printer. Потоа направете поставки за Copies & Pages.
Изберете Print Settings од скокачкото-мени.
Изберете соодветни поставки за Media Type, Color и Mode. Видете онлајн помош за детали во врска Print Settings.
По завршување на чекорите дадени погоре, отпечатете еден тест примерок и проверете ги резултатите пред да отпечатите цела работа.
Белешка:
Можете да контролирате за колку сликата да се протега надвор од рабовите на хартијата при печатење без граници. За поединости, видете онлајн помош.