|
||||||||||||||||||||||
![]() |
Поставки за WindowsОвие упатства ви кажуваат како да ги направите поставките на печатачот за да може да го користат и други корисници во мрежата.
Најпрво, печатачот го поставувате како печатач што се дели на компјутерот на кој директно е поврзан. Потоа. печатачот го додавате кај сите компјутери од мрежата што имаат пристап до него.
![]()
Поставки за печатач како печатач што се делиЧекорите дадени подолу, следете ги на компјутер што е директно поврзан со печатачот:
Windows Vista:
Кликнете го копчето за вклучување, изберете Control Panel (Контролна табла), а потоа од категоријата Hardware and Sound (Хардвер и звук) изберете Printer (Печатач).
Windows XP:
Кликнете Start (Старт) и изберете Control Panel (Контролна табла), а потоа, од категоријата Printers and Other Hardware (Печатачи и друг хардвер), изберете Printers and Faxes (Печатачи и факс уреди).
Windows Vista:
Кликнете на копчето Change sharing options (Измени опции за споделување), а потоа кликнете Continue (Продолжи).
Windows XP:
Десен клик врз иконата на печатачот и кликнете Sharing (Сподели).
![]()
![]() Ако сакате автоматски да се преземаат двигатели за печатачот за компјутерите што работат со различни верзии на Windows, кликнете Additional Drivers (Дополнителни драјвери) и изберете ги средината и оперативните системи на другите компјутери. Кликнете OK, и ставете го ЦД-то со софтвер во погонот за ЦД-РОМ.
Додавање на печатачот на други мрежни компјутериЗа да го додадете печатачот на секој компјутер од мрежата што има пристап до него, следете ги овие чекори.
![]()
Windows Vista:
Кликнете го копчето за вклучување, изберете Control Panel (Контролна табла), а потоа од категоријата Hardware and Sound (Хардвер и звук) изберете Printer (Печатач).
Windows XP:
Кликнете Start (Старт) и изберете Control Panel (Контролна табла), а потоа, од категоријата Printers and Other Hardware (Печатачи и друг хардвер), изберете Printers and Faxes (Печатачи и факс уреди).
Windows XP:
Кликнете на копчето Add a printer (Додади печатач). Се појавува Add Printer Wizard. Кликнете го копчето Next (Следно).
Windows XP:
Изберете A network printer, or a printer attached to another computer (Мрежен печатач или печатач поврзан на друг компјутер), а потоа кликнете Next (Следно). ![]()
![]()
| ![]() |
||||||||||||||||||||