EPSON

Поставување филмови или дијапозитиви (само за Perfection V330 Photo)

Отстранување на подлошката за документ

За скенирање на филмски ленти или дијапозитиви, потребно е да ја извадите подлошката за документ од капакот на скенерот. Ова го отвора прозорецот на провидната единица така што скенерот може да се користи за скенирање на филмот или дијапозитивите.
Отворете го капакот од скенерот и нежно извлечете ја подлошката за документ за да ја извадите.
Користете мека крпа за да го избришете прозорецот од провидната единица и подлогата за документ пред да го поставите филмот или дијапозитивите.
a. прозорец на провидната единица
За поставување филм за скенирање, видете Поставување филм во држачот.
За поставување дијапозитиви за скенирање, видете Поставување дијапозитиви во држачот.
За замена на подлошката за документ, видете Заменување на подлошката за документ.

Поставување филм во држачот

Отворете го капакот на држачот од 35 мм филмска лента.
Вовлечете ја филмската лента во држачот на филм со сјајната страна завртена надолу. Вашите слики и текстот на филмската лента треба да се појават свртени обратно на страната која е со лицето нагоре.
Белешка:
Држете го крајот од филмот нежно или користете ракавици при допирање на филмот; во спротивно можете да го оштетите филмот.
Осигурете се дека белите налепници на задната страна од држачот на филм и просторот околу него не се изгребани, прашливи или покриени на било кој начин. Ако просторот е засенет, скенерот може да има проблеми со препознавање на филмот во Full Auto Mode.
Не покривајте ги малите отвори во држачот на филм.
Затворете го капакот и притискајте го надолу сè додека не чуете кликнување.
Проверете дали филмската лента е поставена како што е прикажано.
Поставете го држачот на филм на подлогата за документ така да биде порамнет како што е прикажано. Проверете дали картичката со иконата на филмот на држачот на филм е наместена во просторот со истата икона на скенерот.
Проверете дали сте ја отстраниле подлошката за документ. Видете Отстранување на подлошката за документ.
Затворете го капакот од скенерот.
За скенирање на филмот, видете Вклучување на Epson Scan.
Кога ќе завршите со скенирање на филмот, внимавајте да ја вратите подлошката за документ пред скенирање на документи или фотографии. Видете Заменување на подлошката за документ.

Поставување дијапозитиви во држачот

Можете да скенирате до четири 35 мм дијапозитиви во исто време со користење на делот за дијапозитив во држачот на филм.
Белешка:
Не можете да скенирате негативи.
Осигурете се дека белите налепници на задната страна од држачот на филм и просторот околу него не се изгребани, прашливи или покриени на било кој начин. Ако просторот е засенет, скенерот може да има проблеми со препознавање на дијапозитивите во Full Auto Mode.
Не покривајте ги малите отвори на држачот на филм.
Поставете го држачот на филм на подлогата за документ така да биде порамнет како што е прикажано. Проверете дали картичката со иконата на дијапозитивот на држачот на филм е наместена во просторот со истата икона на скенерот.
Поставете до четири дијапозитиви во држачот на филм со сјајната страна завртена надолу. Вашите слики ќе се појават свртени обратно на страната свртена нагоре. Вашите слики треба да бидат поставени како што е прикажано.
Белешка:
Проверете дали сте го поставиле подолгиот крај од дијапозитивот во држачот на филм како што е прикажано погоре.
Проверете дали сте ја отстраниле подлошката за документ. Видете Отстранување на подлошката за документ.
Затворете го капакот од скенерот.
За скенирање на дијапозитивите, видете Вклучување на Epson Scan.
Кога ќе завршите со скенирање на дијапозитивите, внимавајте да ја вратите подлошката за документ пред да скенирате документи или фотографии. Видете Заменување на подлошката за документ.

Чување на држачот на филм

Кога не го користите држачот на филм, можете да го чувате во внатрешноста на капакот од скенерот.
Отворете го капакот од скенерот и извадете ја подлошката за документ. Видете Отстранување на подлошката за документ за детали.
Вовлечете го држачот на филм во капакот од скенерот.
Вратете ја подлошката за документ. Видете Заменување на подлошката за документ за детали.

Заменување на подлошката за документ

Повторно ставете ја подлошката за документ со нејзино вовлекување во жлебовите на капакот од скенерот. Внимавајте белата површина да биде од надворешната страна.