EPSON

Контактирање со поддршката на Epson

Пред да го контактирате Epson

Доколку вашиот производ од Epson не работи правилно и не можете да го решите проблемот со помош на информациите за решавање на проблемите дадени во документацијата на производот, јавете се за помош кај поддршката на Epson. Доколку подолу не е наведена поддршка на Epson, контактирајте со добавувачот од каде што сте го набавиле вашиот производ.
Поддршката на Epson ќе може да ви помогне многу повеќе доколку им ги дадете следниве информации:
Сериски број на производот
(Етикетата со серискиот број вообичаено се наоѓа на задната страна на производот.)
Модел на производот
Верзија на софтверот на производот
(Кликнете на About, Version Info или слично копче во софтверот на производот.)
Марка и модел на вашиот компјутер
Име и верзија на оперативниот систем на вашиот компјутер
Имиња и верзии на софтверските апликации кои вообичаено ги користите со вашиот производ

Помош за корисниците во Европа

Видете во вашата Pan-European Warranty Document (Пан-европска гаранција) за информации како да контактирате со поддршката на Epson.