EPSON

Замена на патрон со потрошено мастило

Патронот со мастило може да се замени преку копчињата на печатачот или преку компјутерот. За упатства, видете го соодветниот дел подолу.
Напомена:
Не го отворајте пакувањето со патронот со мастило додека не сте подготвени за негово инсталирање во печатачот. Патронот е спакуван под вакуум за да ја задржи неговата сигурност.

Користење на копчињата на печатачот

Оваа табела ја објаснува состојбата на сијаличките и активностите што треба да ги преземете.
Сијалички
Активност
Набавете патрон со мастило за замена.
Заменете го празниот патрон со мастило.
трепка, свети
За да го замените патронот за мастило со користење на копчето за мастило  , следете ги чекорите подолу.
Внимание:
Не го вадете патронот со мастило од печатачот сè додека не сте подготвени да го замените со друг.
Напомена:
Илустрациите ја покажуваат замената на патронот со жолто мастило, но инструкциите се исти за сите патрони.
Обезбедете дека фиоката за CD/DVD не е вметната во печатачот и дека сијаличката за напојување  свети, но не трепка.
Отворете го капакот на печатачот.
Притиснете го копчето за мастило  . Главата на печатачот се движи кон позицијата за проверка на мастилото во патронот и сијаличката за напојување  започнува да трепка. Патронот со мастило означен со  е празен или при крај.
Внимание:
Не поместувајте ја главата за печатење со рака бидејќи може да го оштетите печатачот. За да ја движите, секогаш притиснете го копчето за мастило  .
Внимавајте да не го допрете белиот сплескан кабел во печатачот.
Напомена:
Доколку патронот со мастило е при крај, може да продолжите да го користите додека не се испразни. За да ја проверите состојбата на секој патрон со мастило, видете еден од следните делови:
Видете Користење на EPSON Status Monitor 3 (Windows)
ВидетеКористење на EPSON StatusMonitor (Mac OS X)
Не го држете копчето за мастило  подолго од три секунди, инаку печатачот ќе започне со чистење на главата за печатење.
Притиснете го копчето за мастило  повторно.
Доколку повеќе од еден патрон со мастило е истрошен или е при крај, главата на печатачот се движи до ознаката  . Ова се случува секојпат кога ќе го притиснете копчето за мастило  сè додека не бидат означени сите патрони што се истрошени или се при крај.
Кога ќе бидат означени сите патрони што се истрошени или се при крај, главата на печатачот се движи до положбата за менување на патронот со мастило кога ќе го притиснете копчето за мастило  .
Извадете го новиот патрон со мастило од пакувањето.
Внимание:
Кога го вадите патронот со мастило од пакувањето, внимавајте да не ги скршите куките од страната.
Не го допирајте зелениот чип IC од страната на патронот. Тоа може да го оштети патронот со мастило.
Секогаш инсталирајте го патронот со мастило веднаш по отстранувањето на стариот патрон. Доколку патронот не се инсталира веднаш, главата за печатење може да се исуши и нема да може да печати.
Извадете ја жолтата лента од дното на патронот со мастило.
Внимание:
Морате да ја извадите жолтата лента од патронот пред да го инсталирате; во спротивно, квалитетот на печатењето може да се намали или нема да можете да печатите.
Доколку сте го инсталирале патронот со мастило, а не сте ја извадиле жолтата лента, извадете го патронот од печатачот, извадете ја жолтата лента и повторно инсталирајте го патронот.
Не отстранувајте ја транспарентната заптивка од дното на патронот; во спротивно, патронот може да стане неупотреблив.
Не ја вадете или не кинете ја етикетата од патронот; во спротивно, мастилото ќе истече.
Отворете го капакот на печатачот.
Притиснете ја малата рачка на задниот дел од патронот што сакате да го извадите. Кренете го патронот право нагоре и извадете го од печатачот. Отстранете го патронот на соодветен начин.
Напомена:
Доколку имате тешкотии да го извадите патронот, употребете повеќе сила додека не излезе патронот.
Ставете го патронот со мастило во држачот за патрони, со долниот дел надолу. Потоа, притиснете го патронот сè додека не кликне на своето место.
Кога ќе завршите со менување на патроните, затворете ги капакот на патроните и капакот на печатачот.
Притиснете го копчето за мастило  .
Печатачот ја придвижува главата за печатење и започнува да го полни системот за испорака на мастило. Овој процес трае околу две минути. Кога ќе заврши полнењето со мастило, главата за печатење се враќа на својата почетна позиција. Сијаличката за напојување  престанува да трепка и свети постојано, а сијаличката за мастило  се гаси.
Внимание:
Сијаличката  за напојување продолжува да трепка додека печатачот се полни со мастило. Никогаш не го исклучувајте печатачот додека трепка сијаличката. Доколку го исклучите, тоа може да доведе до нецелосно полнење со мастило.
Не ставајте ја фиоката за CD/DVD додека не заврши полнењето со мастило.
Напомена:
Ако сијаличката за мастило  трепка или свети откако главата за печатење ќе се помести во почетната позиција, патронот со мастило нема да се инсталира правилно. Притиснете го копчето за мастило  повторно, притиснете го патронот за мастило надолу во своето место и потоа затворете го капакот за патроните.

Преку компјутерот

Состојбата на патроните со мастило може да се следи преку компјутерот и упатствата за замена на патрон што е потрошен или е при крај може да се видат на екранот.
Кога треба да замените патрон со мастило, кликнете на How to во прозорецот за набљудување на статусот. Следете ги упатствата на екранот да го замените патронот.
За повеќе информации во врска употреба на компјутерот за замена на патрони со мастило, видете го делот подолу.
Видете Користење на EPSON Status Monitor 3 (Windows)
ВидетеКористење на EPSON StatusMonitor (Mac OS X)