|
||||||||||||
![]() |
Проблеми со квалитетот на скенирањеКраевите на Вашиот оригинал не се скенираниДоколку скенирате во Full Auto Mode или користите минијатурен приказ во Home Mode или Professional Mode, придвижете го документот или фотографијата околу 6 мм (0,2 инчи) подалеку од хоризонталните и вертикалните рабови на подлогата за документ за да го избегнете сечењето.
Доколку скенирате користејќи обичен преглед во Office Mode, Home Mode или Professional Mode, придвижете го документот или фотографијата околу 3 мм (0,12 инчи) подалеку од хоризонталните и вертикалните рабови на подлогата за документ за да го избегнете сечењето.
![]() Се гледаат само неколку точки на скенираната сликаПроверете дали документот или фотографијата се поставени на подлогата за документ со потребната страна за скенирање свртена надолу. Видете Поставување документи или фотографии за детали.
Кога скенирате со поставката Black&White во Office Mode или Home Mode или со поставката Black & White во Professional Mode, променете ја поставката Threshold. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.
На Вашите скенирани слики секогаш се појавува линија или линија со точкиПодлогата за документ или прозорецот на провидната единица можеби треба да се исчистат. Исчистете ја подлогата за документот. Видете Чистење на скенерот.
Доколку сеуште имате проблем, подлогата за документ или прозорецот на провидната единица можеби се изгребани. Контактирајте го Вашиот добавувач за помош. Видете Ваш добавувач.
Правите линии од вашата слика се појавуваат искривеноПроверете дали документот правилно лежи на подлогата за документ.
Вашата слика е разобличена![]() Проверете дали документот или фотографијата лежат рамно на подлогата за документ. Исто така проверете дали документот или фотографијата не се свиткани или стуткани.
Проверете да не го движите документот, фотографијата или скенерот додека скенирате.
Проверете дека скенерот е поставен на рамна, стабилна површина.
Изберете го полето за избор Unsharp Mask во прозорецот Office Mode или Professional Mode. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.
Прилагодете ја поставката Auto Exposure во прозорецот Professional Mode. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и изберете Color Control и Continuous auto exposure. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и кликнете Recommended Value за да ја вратите поставката Auto Exposure на стандардна вредност. За детали, видете во Epson Scan Help.
Зголемете ја поставката за резолуција. Видете Избирање Resolution за скенирање за упатства.
Боите се нерамномерни или неправилни на рабовите на вашата слика![]() Доколку документот е многу дебел или свиткан на рабовите, покријте ги рабовите со хартија за да ја спречите дополнителната светлина додека скенирате.
Сканираната слика е премногу темна![]() Доколку Вашиот оригинал е премногу темен, обидете се со користење на функцијата Backlight Correction во Home Mode или Professional Mode. Видете Поправка на фотографии со светла позадина за упатства.
Проверете ја поставката Brightness во Office Mode, Home Mode, или Professional Mode. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и променете ја поставката Display Gamma да одговара на Вашиот надворешен уред како што е монитор или печатач. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и изберете Color Control и Continuous auto exposure. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и кликнете Recommended Value за да ја вратите поставката Auto Exposure на стандардна вредност. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете на иконата
![]() Проверете ги поставките за светлина и контраст на мониторот на вашиот компјутер.
Слика на задниот дел од вашиот оригинал се појавува на скенираната слика.Доколку оригиналот е печатен на тенка хартија, сликите на позадината може да се видливи за скенерот и се појавуваат на скенираната слика.
Обидете се со скенирање на оригиналот и парче црна хартија поставено на неговата позадина.
Исто така проверете го софтверот за скенирање за тип на слика и прилагодување на слика.
Обидете се со користење на функцијата Text Enhancement.
Видете Скенирање во Home Mode или Скенирање во Office Mode за упатства. На скенираната слика се појавуваат брановидни линииБрановидна или штрафирана шара (наречена моаре) може да се појави на скенирана слика од печатен документ. Ове е предизвикано од мешањето од различните тонови на прегледникот на скенерот и полутоновите на вашиот оригинал..
Изберете го полето за избор Descreening во Office Mode, Home Mode или Professional Mode. Во Professional Mode, изберете соодветна поставка Screen Ruling за Descreening и поништете го изборот на поставката Unsharp Mask. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.
Изберете поставка на помала резолуција. Видете Избирање Resolution за скенирање за упатства.
![]()
Знаците не се распознаваат добро при конвертирање во текст за уредување (OCR)Проверете дали документот правилно лежи на подлогата за документ.
Во Office Mode или Home Mode, изберете го полето за избор Text Enhancement.
Прилагодете ја поставката Threshold.
Office Mode или Home Mode: Изберете Black&White како поставка за Image Type. Потоа обидете се да ја прилагодите поставката Threshold. Видете Конвертирање скенирани документи во текст за уредување за упатства.
Professional Mode: Кликнете на копчето + (Windows) или
![]() Проверете го вашиот OCR прирачник за софтвер да проверите дали има некои поставки што можете да ги прилагодите во вашиот OCR софтвер.
Сканираните бои се различни од оригиналнитеПроверете дали поставката Image Type е правилна. Видете Скенирање во Office Mode, Скенирање во Home Mode или Скенирање во Professional Mode за упатства.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и променете ја поставката Display Gamma да одговара на Вашиот надворешен уред како што е монитор или печатач, во менито Color. За детали, видете во Epson Scan Help.
Прилагодете ја поставката Auto Exposure во Professional Mode. Исто така, обидете се да изберете различна поставка Tone Correction. Видете Прилагодување на бојата и останатите поставки за слика за упатства.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и изберете Color Control и Continuous auto exposure во менито Color. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Color и кликнете Recommended Value за да ја вратите поставката Auto Exposure на стандардна вредност. За детали, видете во Epson Scan Help.
Кликнете Configuration, изберете ја картичката Preview и вклучете ја поставката Quality Preview на менито Preview. За детали, видете во Epson Scan Help.
Проверете дали сте ја активирале поставката Embed ICC Profile. Во прозорецот File Save Settings, изберете JPEG или TIFF како поставка за Type. Кликнете Options, потоа изберете го полето за избор Embed ICC Profile. За пристап до прозорецот File Save Settings, видете Избирање File Save Settings.
Проверете ги можностите на вашиот компјутер за совпаѓање на бои и ракување со бои, адаптер за екран и софтвер. Некои компјутери можат да ја променат палетата на бои на екранот. Погледнете во прирачникот за софтвер и хардвер за детали.
Користете го системот за управување со бои на Вашиот компјутер: ICM за Windows или ColorSync за Macintosh. Додадете профил на боја кој се совпаѓа со Вашиот монитор за да го подобрите совпаѓањето на бои на екран. Точното совпаѓање на боја е многу проблематично. Проверете ја документацијата за Вашиот софтвер и монитор за повеќе информации за совпаѓање на бои и калибрирање.
![]()
Испечатените бои никогаш не можат во целост да се совпаѓаат со боите на мониторот затоа што печатачите и монитерите користат различни системи на бои: мониторите користат RGB (црвена, зелена и сина) а печатачите обично CMYK (тиркизна, розова, жота и црна).
Пругасти прстени се појавуваат во Вашите скенирани слики од филм или дијапозитивЛенти од прстенести шари (наречени Њутнов прстен) понекогаш се појавуваат на скенираните слики од провидни материјали. Ова може да се случи доколку филмот е извиткан.
Поставете го филмот или дијапозитивите со основната страна нагоре и прегледајте во минијатурен приказ. Потоа превртете го прегледот на сликата со клик на
![]() Сликите се ротирани неправилноПроверете дали се документите или фотографиите правилно поставени на подлогата за документ. Видете Поставување документи или фотографии за упатства.
Проверете дали филмот или дијапозитивите се поставени правилно во држачот за филм и дали држачот за филм правилно е поставен на подлогата за документ. Видете Поставување филмови или дијапозитиви за упатства.
Доколку скенирате користејќи минијатурен приказ во Home Mode или Professional Mode, изберете ја сликата и кликнете на
![]() Обидете се да ја деактивирате или активирате поставката Auto Photo Orientation.
Full Auto Mode: Кликнете Customize и изберете или поништете го изборот за Auto Photo Orientation.
Home Mode или Professional Mode: Кликнете Configuration, изберете ја картичката Preview, и изберете или поништете го изборот за Auto Photo Orientation.
![]()
Текстурата на документот не се скенира на скенираната сликаИзберете го полето за избор Show Texture во менито Other на дијалог-прозорецот Configuration.
![]()
| ![]() |
||||||||||